Економија, финансии, бизнис

Контакт

Норвешка ѝ подарува планина на Финска

Норвешка ѝ подарува планина на Финска

Во Норвешка почна онлајн петиција со која се бара земјата да ѝ подари планина на Финска за нејзиниот ден на независноста.

Кампањата покрената на социјалните мрежи ја организирал Бјорн Гир Харсон, пензиониран работник во норвешкиот Институт за мапирање, кој вели дека поместувањето на источната граница за само 20 метри би овозможило планинскиот врв Халти да стане дел од Финска.

- Не мора да се откажуваме од кој било дел од Норвешка. Ова одвај би било забележливо. А сигурен сум дека Финците многу би го ценеле нашиот подарок и би биле многу среќни да го добијат Халти - рекол Харсон (75) во изјавата за локалниот медиум.

Досега оваа петиција за менување на границите ја потпишале 4500 луѓе.

Слично

Поврзани вести