Норвешка нискобуџетна компанија ќе нуди евтини летови до САД
Norwegian Air Shuttle (NAS) е третиот најголем нискотарифeн авиопревозник во Европа, но и деветта по големина авиокомпанија на континентот што се однесува до бројот на патниците. Компанијата нуди голем број внатрешни летови во рамките на Скандинавија , како и бројни бизнис дестинации , како Лондон , Манчестер и Брисел.
Според податоците од септември 2013 година NAS поседува 78 авиони , од кои сите се Boeing 737 . Авиопревозник има канцеларии во Осло , Копенхаген , Стокхолм , Хелсинки , Лондон , Малага , Лас Палмас , Aликанте , Бангкок , Берген , Трондхајм и Ставангер, а се најавува отворањето на филијали и на Тенерифе и Мадрид .
Компанијата е основана на 22 јануари 1993 година , кога по банкротот NАS доби 50 -те авиони и 50 вработени.
Од пред неколку месеци NAS се обидува да воведе во својата татковина нискобуџетен модел со поевтини летови до САД. Таа сепак не е првата авиокомпанија која обидува да го воведе овој модел. Фреди Лејкер од Лејкер Ервејс пред неколку децении , нудеше евтини билети за долги растојанија, но компанијата релативно брзо банкротираше .
Иако денешните авиони користат поефикасно горивото , сеуште не постои гаранција дека бизнис - моделот на NAS ќе биде издржлив, коментираат аналитичарите.
Слично
