Норвешка му дава илјадници долари на секој бегалец кој доброволно ќе се врати дома
По 30 000 норвешки круни или околу 3560 долари ќе му дава Норвешка на секој отфрлен бегалец, за да може тој да се врати во својата татковина.
Ова го објави норвешкиот министер за имиграција и интеграција Силви Листхау.
Властите одлучија за една третина да го зголемат износот што им го плаќаат на мигрантите, чии барања за азил биле одбиени.
Листхау разјасни дека првите 500 бегалци кои ќе ја напуштат Норвешка во наредниот месец и половина, освен еднонасочен авион билет ќе добијат и по 30 000 круни.
„Ќе се обидеме да убедиме повеќе луѓе да се вратат доброволно плаќајќи им поголеми суми, ако ја напуштат земјата“, рече министерката за локалните медиуми.
Според неа на овој начин Осло ќе заштеди многу пари, бидејќи издржувањето на луѓето во бегалските центри е скапа.
Силви Листхау објасни дека рокот од еден месец и половина може да биде продолжен, ако се покаже дека иницијативата дава добри резултати и значително се зголеми бројот на барателите на азил кои сакаат да се вратат во своите родни земји. Минатата година во Норвешка се поднесени речиси 31 000 барања за азил. Владата очекува оваа година 33 000 молби, а во првиот квартал се поднесени под 1000.
