Економија, финансии, бизнис

Контакт

Nomurа, Citygroup и Bank od America вработуваат банкари од Европа

Nomurа, Citygroup и Bank od America вработуваат банкари од Европа
Консултанти, искусни таленти за потребите на инвестициското банкарство, но и друг персонал бараат водечките светски банки во своите европски одделенија, пишува Фајненшел тајмс. Номура (Nomura), Ситигруп (Citygroup) и Банка на Америка (Bank od America) примаат нови работници, а побарувачката за работници е најголема од 2010 година и ја покажува активноста на банките. Номура бара кандидати за повеќе позиции во Европа, додека Ситигруп е во потрага по искусни таленти за потребите на инвестициското банкарство. Банката на Америка планира да вработи нови кадри во секторите на кредитниот пазар, акции, спојувања и преземања, како и во советодавните и финансиските институции. Бројот на вработени во 10-те најголеми банки во светот во вториот квартал е намален за 0,8 проценти или на 54.000 вработени. Во последните две години пак, овој индикатор е намален за 8 отсто.  
Слично

Поврзани вести