Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОЌТА КОГА МЕРКЕЛ ИЗГУБИ КОНТРОЛА: Една реченица ја промени судбината на Челичната дама!

НОЌТА КОГА МЕРКЕЛ ИЗГУБИ КОНТРОЛА: Една реченица ја промени судбината на Челичната дама!

Во ноќта помеѓу 4 и 5 септември пред година дена Ангела Меркел одлучи ширум да ги отвори вратите на Германија за мигранти. За десничарите, нејзината одлука „предвидела крај на цивилизацијата“, но Меркел не се откажуваше од својот став. Година дена подоцна, јасно е дека таа одлука им ја отвори вратата и на ултрадесничарите. Дали Меркел си ги затвори себе си вратите?

Историската одлука која Меркел ја донесе на тој 4 септември, тогаш во германските медиуми е нарекувана „Меркелови отварања на границите“ или „паѓа вториот ѕид“. Денес година дена подоцна, овој настан може да се смета како пресвртен момент на нејзиниот мандат.

Емпатијата во германското друштво за воено загрозените луѓе тогаш била многу поголема отколку денес, но отпорот на идејата на отворени граници и тогаш имало.

Германските власти предвидувале четири пати поголем број мигранти отколку година дена порано, дури 800 000, а Ангела на прес конференцијата во Берлин на 31 август 2015 година ја изговори познатата реченица „Ние го можеме тоа“.

Дали Германија го може тоа?

-Германија е силна земја. Успеавме да направиме толку работи...го можеме и ова-рече Меркел таа ноќ.

Таа реченица стана симбол на политиката на отворени врати. Дури и после групните сексуални злоставувања и силувања на жени во новогодишната ноќ во Келн, Меркел ја бранеше својата политика со зборовите „Ние го можеме тоа“. Неодамнешните напади, кои ги извршија мирганти со исламска вера, предизвикаа бран од паника, но Ангела и понатаму се држи до истиот став- „ние го можеме тоа“.

На својата традиционална летна конференција за новинари кон крајот на јули, уште една ја повтори сега веќе слушнатата реченица.

„Стојам зад политичките одлуки кои ги донесовме. Не реков деа ќе биде толку лесно. Реков тогаш и сега ќе повторам. Германија е силна земја. Го нареков тоа задача за цела нација. Баш како што успеавме толку многу, можеме да излеземе на крај и со ова-упорна е канцеларката.

Германците изгледа не се така убедени во тоа. Анкетите во последните неколку месеци покажуваат дека некогашната убедлива поддршка на Меркел се топи , а дури три од четири Германци не веруваат дека „тие го можат тоа.

Слично

Поврзани вести