„Nokia Siеmens“ планира да отпушти 8.500 вработени
Со цел да се зголеми профитабилноста на компанијата во однос на падот на продажбата, производителот на телекомуникациска опрема „Nokia Siеmens“ планира да отпушти 8.500 вработени, пренесува Блумберг повикувајќи се на извор од компанијата.
Според изворот, бројот на вработени до 2014 година ќе се намали за 17 отсто на 42.000. Кон крајот на јуни компанијата имаше околу 50.500 вработени.
Нокиа Сименс планира да затвори голем број на свои подружници вклучувајќи ги тие во Финска, Индија и Кина а делумно да се предаде производството на странските компании.
Слично
