Економија, финансии, бизнис

Контакт

Nokia и HTC си подадоа рака

Nokia и HTC си подадоа рака
Натпреварувачите во производство на паметни телефони Nokia и HTC ги разрешија сите свои патенти спорови и дури потпишаа договор за соработка и размена на нови патенти и технологии, пренесува WBPOnline. За финскиот производител на мобилни телефони договорот најверојатно ќе значи идно лиценцирање и соодветно на тоа - повисоки приходи. Иако не беа обелоденети сите услови од договорот, Nokia најави дека НТС ќе плаќа за лиценцирање на патентите. Износот сепак не беше споменат. Како што всушност сега тајванскиот технолошки гигант плаќа на финската компанија, за да има пристап до нејзините стандардни мобилни патенти, тогаш очекувањата се дека новата зделка ќе ги покрие остатиот дел од патентите во портфолиото на Nokia. "Ние сме многу задоволни од постигнатиот договор за соработка со HTC, која е долгогодишен носител на лиценците за основните стандардни патенти на Nokia", рече главниот директор за прашањата од интелектуалната сопственост на Nokia Пол Мелина. "Трансакцијата ги валидира патентите за извршување на Nokia и ни овозможува да се фокусираме на понатамошните можности за лиценцирање." "Nokia има една од највидните патентни портфолија во индустријата", коментира од страна на НТС главниот советник Грејс Леи. "Како пионер во индустријата со паметни телефони и со богато портфолио од патенти, за HTC е задоволство постигнувањето на договор, што ќе ни овозможи да останеме фокусирани на иновациите за корисниците." K.K.  
Слично

Поврзани вести