Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ноќеска нема да се транспортираат мигранти во Австрија

Ноќеска нема да се транспортираат мигранти во Австрија

Во текот на ноќта нема да има транспорт на бегалците од австриско-унгарската граница Никелсдорф за Виена, а последниот воз тргнува од тамошната станица во 20ч, соопштува австриската железничка , најавувајќи и зголемување на капацитетите во текот на утрешниот ден.

Првиот воз од Никелсдорф тргнува во раните утриснки часови, бидејќи во Виена се очекува нешто после осум часот.

Железничката најави дека утре ќе ги зголеми своите капацитети, како би се совладал бранот на бегалци кои пристигнале во Австрија.

Денес воспоставениот автобуски превоз за бегалците помеѓу Никелсдорф и виенската железничка станица Вестбанхоф ќе биде продолжен и утре, потврдил портпаролот.

Директен железнички сообраќај кон Будмпешта и понатаму е во прекин, а возовите кон Унгарија се враќаат од петок после станицата Хедјешало на границата на двете земји.

Зсега е неизвесно кога повторно ќе биде воспоставен железнички сообраќај помеѓу Виена и Будимпешта.

Слично

Поврзани вести