Ноември донесе нова радост за H&M
Шведскиот моден ланец H&M забележа раст и при своето четврто тромесечје. Продажбите се зголемија во трите месеци вклучително и во ноември, со 13% до 42,6 милијарди шведски круни што е еднакво на 4,7 милијарди евра, објави Hennes & Mauritz.
Само во ноември, продажбата благодарение на силната празнична сезона и убавото време скокнаа повеќе од една петтина. Исто така, за новите резултати придонесоа и новите продавници.
На споредбена база, т.е. при отчитувањето на продавниците или онлајн продавниците, кои учествувале во текот на една финансиска година, приходите се зголемени во тримесечјето за три проценти.
Податоците за четвртото тримесечје се уште не се завршени. Годишниот извештај за финансиската 2012/13 година ќе биде претставен на крајот на Јануари, отрки модниот ланец.
Приходите од продажба за првите девет месеци на фискалната година без ДДВ изнесуваат 92,1 милијарда круни. Заедно со сеуште неутврдените податоци за четвртото тримесечје тоа би било 128,5 милиони круни. Минатат година компанијата забележа продажба вредна 120,8 милијарди круни.
Според сопствените податоци, на крајот од Ноември ланецот поседувал 3132 филијали во целиот свет, а со тоа повеќе од 350 од минатата година. Покрај тоа компанијата има над 100.000 вработени.
Кон концернот освен објектите на H&M припаѓаат и филијалите на Cos, Other Stories, Weekday и Monki. Оваа година се случи уште еден симболичен потег, компанијата за прв пат во својата корпоративна историја стапна на јужната страна од Екваторот откако ја отвори својата продавница во Чиле.
Податоците на безата предизвикаа вистинска еуфорија кај инвеститорите. Акциите постигнаа нов рекорд, постигнувајки поскапување од 1,7%.
K.K
Слично
