Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нобеловката Малала повика светот да ги заштити цивилите во Авганистан

Нобеловката Малала повика светот да ги заштити цивилите во Авганистан

Добитничката на Нобеловата награда за мир, Малала Јусуфи е загрижена за граѓаните на Авганистан.

Таа е шокирана затоа што Талибанците ја преземаат контролата во Авганистан. 

„Длабоко сум загрижена како жена, малцинство и заговорник на човечките права. Глобални, регионални и локални сили мора да побараат итно прекинување на вооружените напади, да овозможат хуманитарна помош и да ги зашитат бегалците и цивилите“, напишала Јусуфи.

Писателот Халед Хосеини, авторот на романот „Ловец на змејови" и „Илјада чудесни сонца" напишал на Твитер дека народот на Авганистан не го заслужува тоа што му се случува.

Талибанците денеска објавија дека ја контролираат целата територија на Авганистан, информира агенцијата ТАСС. Малала, е активистка за образование на жените и најмлад лауреат на Нобеловата награда. Таа се бори за човекови права, особено за образованието на жени и деца во родниот Пакистан, каде локалните Талибанци им забрануваа на девојчиња да одат на училиште.

Во октомври 2014 година, Малала беше прогласена за ко-добитник на Нобеловата награда за мир за нејзината борба против сузбивањето на децата и младите и за правото на сите деца на образование. Откако ја доби наградата на 17-годишна возраст, Малала е најмладиот нобеловец. Таа ја подели наградата со Каилаш Сатјарти, активист за детски права од Индија.

Таа пишува за тоа каков терор преживеала само затоа што сакала да се школува. 

Слично

Поврзани вести