Нобеловата награда за мир 2015 отиде во Тунис
Нобеловата награда за мир за 2015 година и беше доделена на четворката од организации за национален дијалог во Тунис, објави норвешкиот Нобелов комитет.
Квартетот ја доби престижната награда „поради решавачкиот придонес во градењето на плуралистичка демократија од 2011 година“.
Групата од организации на граѓанското општество беше формирана во летото 2013 година, кога процесот на демократизација во земјата беше во опасност поради политичките убиства и бран од социјалните протести, потсетува „АФП“.
Во комитетот влегуваат четири организации - Тунис основен работен синдикат, Тунис конфедерација на индустријата, трговијата и занаетчиството, Тунис лига за човекови права и туниска асоцијација на адвокатите.
Тие претставуваат различни делови и вредности на граѓанското општество во земјата, вклчувајки ја и работната класа, благосостојбата, владеењето на правото и човековите права.
„Јасмин револуцијата“ се нарекуваат протестите и промената на власта во Тунис, кои започнаа во 2010 година и го означија почетокот на т.н. „Арапска пролет“. Граѓанските немири доведоа до соборување на претседателот Зине ал Абидине Бен Али, кој беше на власт цели 23 години. Тој ја напушти земјата во почетокот на 2011 година.
Во јули 2013 година најистакнатиот туниски опозиционер Мохамед Брахма беше застрелан. Тој беше пратеник во Уставотворното собрание и главен координатор на националистичкиот и световниот парламентарен блок „Народно движење“. Претходно убиството на друг опозициски лидер - Шукри Белаид, исто така доведе до протести и насилство, а исламистичката влада на премиерот Хамад Џеб беше распуштена, со што подоцна тој си поднесе оставка.
Во земјата имаше и голем број крвави терористички напади, кои зедоа бројни жртви.
19 лица, од кои 17 странски туристи беа убиени во напад на двајца вооружени мажи во музејот „Бардо“ во главниот град на Тунис во март. Во јуни пак „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот во Тунис во туристички град Сус, во кој загинаа 39 лица.
Денес е петтиот ден од т.н. „Нобеловата недела“, во која стануваат познати носителите на престижните признаниа.
