Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нобелова награда за економија за борецот против „големите играчи“

Нобелова награда за економија за борецот против „големите играчи“
Францускиот економист Жан Тирол ја доби Нобеловата награда за економија годинава, заради неговата работа на истражување и регулација на пазарот на кој доминираат големите корпорации. Тирол во образложението на наградата е оценет како „еден од најголемите и највлијателни живи економисти“, а неговиот придонес е клучен во борбата против картелизацијата и монополите. Како што пишува британски „Гардијан“, работата на Тирол му помага на обичниот човек и потрошувач и ги спречува „големите играчи“ да ги експоатираат останатите на пазарот. „На професорот од Универзитетот во Тулуз му се доделува наградата заради неговата работа на начините како да се уреди работата на големите компании. Тој имаше голема улога во испитувањето на конкуренцијата и анализирањето на начините на кои регулаторните тела треба да ги контролираат големите фирми, со што потрошувачите се заштитуваат од монополите“, се појаснува во образложението на шведската Кралска академија на науки. Пред Тирол, економистите и законодавните тела ги користеле истите основни принципи за сите стопански гранки и секогаш ги применувале истите, едноставни правила за секој пазар. „Тирол покажа дека таквите прописи во некои услови даваат резултати, но во други прават повеќе штета од корист“, се додава во објаснувањето. По доделувањето на наградата, Тирол истакна дека неговата работа може да се искористи за да се контролира работата дури и на гигантите каков што е Гугл. „Гранките како што е индустријата на кредитни картички или пребарувањето на интернет се слични. Тие имаат природна тенденција да станат монополистички, што само по себе не е лошо, се додека постои можност за подинамичните компании да го преземат местото од својата конкуренција. Но регулаторните тела мора да се погрижат таа можност да остане отворена“, објаснува Тирол.
Слично

Поврзани вести