НОАМ ЧОМСКИ ТВРДИ-„ВОЈНАТА ВО УКРАИНА Е ЕКСПЕРИМЕНТ НА АМЕРИКА“: САД сака да види до каде Путин е подготвен да оди
Популарниот автор
американски автор Ноам Чомски оценува дека војната во Украина може да се
запре само со меѓусебен договор.
-Најважното прашање во врска со војната во Украина е дали има крај. Тоа е страшна, криминална агресија со големи разурнувања, загуби и трагедии, која може да се претвори дури и во нуклеарна војна. Значи, клучното прашање е како да се стави крај. Постојат два начина. Едниот е дипломатски договор. Ако тоа не успее, другиот начин е - нека се тепаат, па ќе видиме што ќе биде. Последново би било страшен експеримент, вели познатиот американски лингвист, филозоф и дисидент Ноам Чомски во последното интервју.
Чомски тврди дека Американците сакаат да видат до каде е подготвен да оди Путин, дури и ако тоа доведе до целосно уништување на Украина.
-Меѓусебниот
договор би бил најдобро решение, бидејќи би ја скратил агонијата и би ги
елиминирал потенцијалните опасности за целиот свет. Овој гротескен експеримент продолжува, експеримет во смисла да гледаме
како Путин ќе ја продолжи оваа војна, до
каде е подготвен да оди и кое оружје очигледно треба да го употреби за целосно
да ја уништи Украина. Мислам
дека наместо да ги поткопуваме преговорите, треба да ги насочиме сите наши
напори кон постигнување договор што двете страни би го прифатиле и на тој начин
да помогнеме што побрзо да се запре ова уништување, рече Чомски.
ХИТЛЕР Е ПОСЛЕДИЦА ОД ЛОШОТ ЗГОВОР
Тој смета дека избегнувањето на постигнување дипломатски договор кој би бил прифатлив за сите страни во конфликтот, низ историјата, веќе скапо не чини.
„По Првата светска војна не беше постигнат соодветен договор кој би ги задоволил сите страни во конфликтот, па ни се случи Хитлер. Поучени од ова искуство, мораме да најдеме решение за овој конфликт и да направиме договор што ќе ја запре руската инвазија , но исто така, според мене, еден дел од договорот треба да содржи договор за неутралност на Украина. Значи, Украина не треба да стане членка на НАТО, за Русија во иднина повеќе да не се плаши за својата безбедност и да се чувствува опкружена со членки на НАТО алијансата. Статусот на Украина треба да биде сличен на статусот на Австрија или Мексико. Потоа, Украина треба да се подели на сличен начин како и Швајцарија, за руското население, особено регионот на Донбас, да има своја автономија во рамките на сојузната држава. Што, според мене, е многу подобро од продолжување на војната“, објаснува познатиот аналитичар.
САД ГО ПРИТИСКААТ ПУТИН ПРЕКУ ЗЕЛЕНСКИ
Неговото мислење е дека Соединетите Американски Држави и НАТО вршат притисок врз Зеленски да ја продолжи војната, како и сè помалку да се споменува можноста за договор, но да се форсира приказната како да се продолжи конфликтот, за што сведочи снабдувањето на Украина со модерно оружје.
„Тоа е опасен американски експеримент. Тие преку Зеленски и неговите одлуки се обидуваат да извршат максимален притисок врз Путин и да видат до каде е подготвен да оди. Дали ќе го користи оружјето што го има. Ова е ужасен експеримент кој веќе уби илјадници луѓе и целосно „уништи делови од Украина. Во исто време, тој ја постави рамката за избувнување на нуклеарна војна“, заклучи Чомски.
ФОТО: YouTube