Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОА СЕ СПАСИ ОД ЗАЛОЖНИШТВО НА ХАМАС: Секоја вечер заспивав мислејќи дека можеби ќе ми биде последна

НОА СЕ СПАСИ ОД ЗАЛОЖНИШТВО НА ХАМАС:  Секоја вечер заспивав мислејќи дека можеби ќе ми биде последна

Ноа Аргамани, девојката која помина во заложништво на палестинската терористичка група Хамас вели дека е чудо што уште е жива. 

Аргамани (26), во своето прво сведочење за тоа како поминала осум месеци како заложник на Хамас. На состанокот со јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава во Токио, таа зборуваше за ужасот што го преживеала.

Таа беше на музичкиот фестивал „Супернова“ кога рано наутро одекнаа истрели. Таа беше ослободена на 8 јуни годинава. Ноа вели дека по киднапирањето имала расекотини по целото тело и главата.

„Секоја вечер заспивав мислејќи дека можеби ќе ми биде последна ноќ во животот. Така беше додека не се спасив. Само не верував дека преживеав. И сега кога седам овде со вас, тоа е чудо што сум тука.  Чудо е што го преживеав седми октомври и што го преживеав бомбардирањето и што го преживеав спасувањето“, вели Ноа. 
Вели дека нејзиното момче е сè уште заробено и дека мораат да ги вратат киднапираните пред да биде предоцна. Хамас на 7 октомври лани го нападна Израел и војната уште трае. 

Слично

Поврзани вести