Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЛБ групацијата остана без КБЦ

НЛБ групацијата остана без КБЦ
Белгиската банка КБЦ и го продаде на државата Словенија својот удел од 22 отсто акции во најголемата словенечка банка НЛБ, со што официјално се повлече од таа банкарска групација. Така државата, по цена од едно евро за акција, стана сопственик на уште 22 отсто акции на НЛБ, со вкупна вредност од 2,76 милиони евра, зајакнувајќи ја својата позиција во банката која последните години бележи големи загуби поради ненаплатливи кредити и на која оваа година ќе и треба нова докапитализација. Договорот за продажба на акциите е најавен кон крајот на минатата година, но беше неопходно да го одобри Канцеларијата за заштита на конкурентноста.
Слично

Поврзани вести