Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЊУЈОРК ТАЈМС ОБЈАВИ НОВИ СНИМКИ ОД БУЧА: Тврдат-ова е уште еден доказ дека Русите ги егзекутирале затворениците

ЊУЈОРК ТАЈМС ОБЈАВИ НОВИ СНИМКИ ОД БУЧА: Тврдат-ова е уште еден доказ дека Русите ги егзекутирале затворениците

Њујорк тајмс објави нови снимки кои, како што тврдат, наводно докажуваат дека руските сили егзекутирале најмалку осум украински затвореници на 4 март во Буча, недалеку од Киев.

Изјавите на сведоците и видеата до кои дојде Њујорк Тајмс покажуваат како руските падобранци егзекутирале најмалку осум украински мажи во предградијата на Киев на 4 март, што е потенцијално воено злосторство, пишува весникот.

Ова е последен пат кога мажите се видени живи - на две наводни видеа, руските падобранци ги водат во колона.

Некои од украинските затвореници се згрбавени, додека други ги имаат рацете над главите.

- Оди десно, кучко, наредува еден од војниците.

Видео снимките кои беа снимени на 4 март од безбедносна камера и сведок во блиската куќа, а до кои дојде Њујорк Тајмс, се најјасниот доказ досега дека мажите биле заробеници на руски војници неколку минути пред егзекуцијата, тврди Њујорк Тајмс.

Иако, како што наведува Њујорк тајмс, на видеото не се гледа јасно што се случува докрај, весникот  наведува дека осум сведоци изјавиле за Тајмс што се случило потоа.

Војниците, наводно, ги однеле мажите зад блиската деловна зграда што Русите ја окупирале и ја претвориле во привремена база.

„Се слушнаа истрели. Затворениците не се вратија“.

Снимката од дрон снимена еден ден подоцна, на 5 март, до која дојде и Њујорк Тајмс, е првиот визуелен доказ кој ги потврдува изјавите на очевидците.

На него се гледаат тела како лежат на земја до деловната зграда на улица Јаблунска бр. 144, додека двајца руски војници стражареле до нив.

„Њујорк тајмс“ додава дека руското Министерство за одбрана и надворешни работи не одговорило на новите барања за коментари поврзани со овие снимки.


Слично

Поврзани вести