Њујорк Тајмс: Хаг ги отвора првите два случаи за руски злосторства
Њујорк Тајмс објави дека Меѓународниот кривичен суд ќе отвори два случаи за воени злосторства против Русија поврзани со агресијата врз Украина.
Тоа ќе бидат првите случаи на судот со седиште во Хаг кој ќе бара налози за апсење на неколку Руси обвинети за киднапирање на украински деца.
Изданието од САД се повикува на официјални лица запознаени со одлуката, кои не биле овластени да зборуваат.
Инаку хашкиот суд започна истрага за воени злосторства во Украина минатиот март, додека Русија ги отфрли обвинувањата за воени злосторства.
Слично
