Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЊУЈОРК ТАЈМС-АМЕРИКАНСКИ „ТИГРИ“ , КОДНО ИМЕ ЗА ТАЈНА ГРУПА: Внимателно се следи секој потег на Путин

ЊУЈОРК ТАЈМС-АМЕРИКАНСКИ „ТИГРИ“ , КОДНО ИМЕ ЗА ТАЈНА ГРУПА: Внимателно се следи секој потег на Путин

Белата куќа тајно формираше работна група составена од службеници за национална безбедност, чија задача е да ги подготви Соединетите Држави и нивните сојузници во случај рускиот претседател Владимир Путин да почне да користи хемиско, биолошко и нуклеарно оружје во Украина и на други места, пишува Њујорк Тајмс.

Според неколку официјални лица вклучени во работата на групата, со кодно име „Тигар“, нејзините членови бараат и можни решенија во случај Путин и руските војници да влезат на територијата на една од членките на НАТО за да нападнат конвои кои доставуваат оружје за Украина и хуманитарна помош.

Тигрите се состануваат три пати неделно, нивните состаноци се тајни и разговараат како да реагираат на потенцијалното ширење на војната од Украина во Молдавија и Грузија и како да ја подготват Европа за нов бегалски бран кој би можел да биде поголем од кој било виден во последните децении.

Плановите што ги подготвија „Тигрите“ се една од главните теми на вонредниот самит на НАТО во Брисел.

„Тигрите“ се создадени на 28 февруари, а нивното создавање го потпиша Џејк Саливан, советник за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден.

Една од најважните задачи на „Тигрите“ е да ги утврдат околностите што би го принудиле НАТО да започне воена акција во Украина. Бајден јасно стави до знаење дека не е за тоа бидејќи стравува дека отворениот конфликт со Русија би можел да излезе од контрола.


Слично

Поврзани вести