Економија, финансии, бизнис

Контакт

Њујорк се спаси од банкрот, на Детроит му немаше спас!

Њујорк се спаси од банкрот, на Детроит му немаше спас!
Детроит денеска прогласи банкрот и со тоа тој стана најголемиот американски град кој прогласил банкрот. Градот Детроит ова барање го поднесе во федералниот суд за стечајна заштита. Дефицитот на градскиот буџет изнесува 380 милиони долари а долгорочниот долг надминува 17 милијарди! Итниот Менаџер на Детроит Кевин Орр, кој во јуни објави планот за реструктуирање на долгот на градот и најави дека ќе бидат постигнати сите обврски према доверителите со многу помалку отколку што им должи градот предуптеди банкрот. Во САД големи финансиски проблеми имаа и Њујорк, Кливленд и Филаделфија, но не прогласија банкрот туку ги репрограмираа долговите.
Слично

Поврзани вести