Њујорк пост: Путин има рак на панкреасот?
Њујорк пост објави дека со месеци се шират гласини дека Владимир Путин има рак на панкреасот.
Како што наведува овој весник на својот портал, тоа е објаснување зошто рускиот претседател се брза „во врска со инвазијата на Украина“.
Прво стигаа вести од Полска и Белорусија дека првиот човек на Русија има канцер на рбетниот мозок, потсетува ЊП.
Според информациите на новинарот на Њујорк пост Ричард Џонсон сепак се работи за рак на панкреасот, кој е смртоносен.
Наводно Путин се лекува кај еден постар доктор од источна Германија, со кој се запознал неколку децении порано, додека во Дрезден работел за КГБ.
Осумдесет и четири годишниот доктор му дал повеќе терапии на Путин, дури му давал и стероиди, како би му помогнал, но како што наведува Њујрок пост, мразел да доаѓа во Русија, поради притисокот на неговото обезбедување.
Британскиот воен ветеран Криспин Блек, кој пишува за тероризам и тајни служби, вели дека го советувал Путин за да го ослободи Ходорковски после 10 години затвор, за да му „остане чиста совеста“.
Некои велат дека Путин има уште три години живот, па пред смртта сака да ги прошири руските граници, како Петар Велики или Сталин, пишува Њујорк пост.
(Извор: Њујорк пост)
