Економија, финансии, бизнис

Контакт

Њујорк одобри градска плажа од 900 милиони долари, но капењето е спорно

Њујорк одобри градска плажа од 900 милиони долари, но капењето е спорно

Градските власти на Њујорк планираат да изградат градска плажа на реката Хадсон која  ќе биде во близина на облакодерите на Менхетен.и популарниот парк High Line.

Изградбата на плажа на површина од 2,2 хектари, што е околу три фудбалски игралишта, ќе започне следната година, објави Хина.

Делot од брегот na Хадсон, каде што e предвиден план за плажа е само неколку минути одалечен од Музејот на Витни и други атракции на Менхетен.

Отворањето на проектот вреден 900 милиони евра е планиран за 2022 година. Експертите велат дека посетителите ќе можат да се сончаат по изградбата на плажата, но и дека пливањето во Хадсон е дискутабилно.

Иако квалитетот на водата значително се подобри во текот на изминатите неколку години и таму повторно се одлгледуваат остриги кои бараат совршено чиста вода, но пливањето не е безбедно поради силните речни струи.


Слично

Поврзани вести