Њујорк е најдобар град за водење бизнис
Њујорк е најдобар град во светот за водење бизнис , покажуваат резултатите од истражувањето на Ipsos MORI . Големото јаболко ги елиминирашт сите доста сериозни конкуренти , кои се меѓу водечките бизнис центри во светот.
На второ место на листата е рангиран Абу Даби од Обединетите Арапски Емирати ( ОАЕ) . Третата позиција е за Хонг Конг , а по него се Токио и Лондон .
Њујорк ја предводи и листата и на најомилени градови , дополнуваат од Ipsos . Веднаш по него се Париз и Сиднеј .
Популарноста на Wall Street и растот на индустријата на забава го прават Њујорк толку атрактивен град , коментира Бен Пејџ , извршниот директор на Ipsos MORI .
„ Митот за Њујорк има многу големо влијание " , додава тој .
Истражувањето е спроведено меѓу 18 илјади луѓе од 24 земји. На учесниците им е поделена листа на 48 главни градови , а од нив е побарано да наведат кои од нив ги сметаат за најдобри за водење бизнис , кои се најдобри за живеење и кои би сакале да ги посетат .
Цирих инаку ја предводи листата на најдобри градови за живеење , а Париз - на водечките туристички дестинации , покажуваат уште резултатите од студијата.
Слично
