Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИЗА КOНТРОВЕРЗИИ: Kaде ќе заврши ѕвоното на Хитлер?

НИЗА КOНТРОВЕРЗИИ: Kaде ќе заврши ѕвоното на Хитлер?

Германско село ќе го задржи контроверзно црковно ѕвоно, на коешто се врежани зборовите „Сѐ за татковината – Адолф Хитлер“.

Локалниот совет на Херксхајм расправаше дали бронзеното ѕвоно од нацистичката ера претставува потсетник на мрачното минато на нацијата, но на крајот, со мнозинство гласови е одбиено барањето тоа да се отстрани и замени.

Ѕвоното од 240 килограми е поставено на илјада години старата протестантска црква во 1934 година.

„Ѕвоното треба да остане за да поттикнува помирување и да потсетува на ужасните насилства и неправда“- објави селскиот совет.

Селото Херксхајм во југозападниот дел на  Германија го привлече вниманието на јавноста откако поранешен црковен органист се пожали на „ѕвоното на Хитлер“. Градоначалникот Роланд Бекер дури поднесе оставка откако го бранеше ѕвоното. 

Слично

Поврзани вести