Нивната престолнина оди во карантин, иако 60 отсто од населението примило две дози од вакцината
Повторно се затвора главниот град на Чиле, Сантијаго и покрај доброто темпо на вакцинацијата.
Здравствените власти најавија повторно затворање на престолнината поради пораст на бројот на случаи со инфекција од коронавирус. Во земјата 60 отсто од населението ги примија двете дози вакцина. Повеќето новозаразени не се вакцинирани, а одделенијата за интензивна нега во главниот град се пополнети 98 отсто, пренесе Би-би-си.
Во Чиле досега има над 1.4 милиони случаи на коронавирусот, а повеќе од 30.000 луѓе починале.foto freepik
Слично
