Ниту во Европа нема еднаквост на мажите и жените
Европскиот парламент со тесно мнозинство гласови не го прифати извештајот за еднаквост на мажиите и жените, со кој се бараше работниците од двата рода да добиваат иста плата доколку извршуваат исти работни задачи.
Против извештајот гласале 298 пратеници, главно конзервативци, додека „за“ биле 289 пратеници, мнозинството левичари и либерали. Вкупно 87 пратеници биле воздржани, а меѓу нив и голем број „зелени“.
„Со денешното гласање не се повредени и нападнати само жените, туку целото општество, нашите вредноси и самото срце на човечноста“, регираат француските социјалисти.
Извештајот бараше од земјите членки на ЕУ да го „гарантираат почитувањето на темелниот принцип на иста плата за иста работа кај мажите и жените“, како и забрана за отпуштање од работа за време на трудничко боледување.
Слично
