Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нискобуџетната „Рајанер“ со нови поволности за патниците

Нискобуџетната  „Рајанер“ со нови поволности за патниците
Низа промени со кои ќе си го подобри имиџот одлучи да воведе нискобуџетната кoмпанија Рајанер со намера  да ги и врати патниците во своите летала. Рајанер одлучи повеќе да не ги казнува патниците кои од фришоп на аеродром си купиле шише вино или пак носат мала торба плус. Меѓу новите прописи кои што ќе се применуваат од 1 декември е и дозволата патниците да носат со себе и втора рачна торба со дименизи 35cmx20cmx20cm. Ако  патникот сака торбата да ја остави во багажот тогаш при чекирањето нема да му се наплати 60 туку само 30 фунти. За 10 фунти се намалува и надоместокот за проверка на багажот при итно чекирањето со што овој надоместoк  кај Рајанер ќе се изедначи со аеродромските такси за торби  што го наплатуваат конкурентните редовни авиопревозници. Доколку патникот иозврши  букирање преку веб сајтот на Рајанер ќе има 24-часовен грејс период за да се исправат помали грешки, како печатни, имиња или рути. Овие промени во работата на компанијата ке важат се до крајот на март 2014 година, по што ќе се сумираат резултатите од ова релаксирање на казните и ќе се прегледува можноста тие да продолжат и во летната гужва. Промените следуваат откако извршниот директор на Рајанер Мајкл О’Лири минатиот месец им соопшти на акционерите дека фирмата мора да ги елиминира непотребните работи што ги нервираат патниците.  
Слично

Поврзани вести