Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИШТО ОД СРЕДБАТА ПУТИН-ТРАМП: Веројатно е само „здраво“!

НИШТО ОД СРЕДБАТА ПУТИН-ТРАМП: Веројатно е само „здраво“!

Претседателот на САД Доналд Трамп нема да се состане на маргините на азиско-пацифичкиот самит во Виетнам со рускиот лидер Владимир Путин, соопшти Белата куќа.

Двајцата лидери се наоѓаат во Виетнам, но како пренесе Ројтерс, до посебна средба, која е најавувана, нема да дојде.

„Состанокот не беше потврден. Ќе бидат на исто место, но дали ќе налетаат еден на друг и ќе си кажат здраво, сигурно е можно и веројатно, но официјална средба не е забележана на календарот“, соопштила портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.

Ројтерс пренесе дека руските агенции објавиле дека портпаролот на Кремљ Димитриј Песков рекол дека на евентуална средба Путин и Трамп се работи.

„Разговорите продолжуваат. Ништо не е разјаснето“, рекол Песков.

Foto: EPA/Michael Klementyev/Sputnik

Слично

Поврзани вести