Ништо од примирјето: Гранати во Доњецк
Северно од Доњецк, најголемиот град на истокот од Украина, утрово се слушале артилериски истрели и може да се види голем црн димен облак.
Гранатите кои паѓаат во Доњецк пристигаат од подрачјето во близина на аеродромот кој е под контрола на украинските сили, иако самиот град е во рацете на проруските сил, пренесува Ројтерс.
Припадници на проруските сили изјавиле за Ројтерс дека аеродромот сега е празен и дека се водат борби за контрола над околната воена база.
Тоа претставува ново кршење на договорот за прекинот на оган помеѓу укранските и проруските сили, кој е на сила од 5 септември вечерта, а веќе еднаш е прекинат од вчера вечерта, кога артилериски оган се слушнал во Марипољ, гардот со околу пола милион жители на Азовското море недалеку од границата со Русија.
Засега не е познати дали има жртви.
Протоколот за примирјето на истокот од Украина е потпишан на 5 септември во Минск и стапил на сила истиот ден во 18:00 часот по локално време. Примирјето го потпишаа претставниците на Украина и Доњецк и Луганската Народна Република.
