Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ништо од прекин на огнот, Путин и Трамп сепак не се договорија за мир во Украина

Ништо од прекин на огнот, Путин и Трамп сепак не се договорија за мир во Украина

Претседателот на Соединетите Американски Држави(САД), Доналд Трамп, и претседателот на Русија, Владимир Путин, се обратија до светската јавност по историската средба во Алјаска која траеше околу два часа и 45 минути.

По тричасовен разговор, Трамп и Путин се појавија пред новинарите. Двајцата посочија дека е постигнат напредок, но без цврст договор.

Путин вели дека е „искрено заинтересиран“ за завршување на конфликтот, кој го опиша како „трагедија“.

Во исто време, тој вели дека Русија мора да ги отстрани „примарните причини“ за конфликтот - и предупредува дека Украина и Европа не смеат да ги „саботираат“ разговорите.

Трамп вели дека сè уште има точки на несогласување и дека „нема договор сè додека не се постигне таков на крајот“. Тој додаде дека „сè уште нема договор“, и покрај напредокот.

Трамп изјави дека наскоро ќе се јави кај украинскиот претседател Володимир Зеленски и кај европските лидери.

Американскиот претседател го заврши разговорот велејќи дека „веројатно“ наскоро повторно ќе се види со рускиот претседател, на што Путин одговори - „Следниот пат во Москва“.

Прекин на огнот и примирје не беа споменати. Војната трае три и пол години. Трамп ветуваше дека брзо ќе стави крај на конфликтот. 

foto EPA/SERGEY BOBYLEV/SPUTNIK/KREMLIN POOL / POOL MANDATORY CREDIT

Слично

Поврзани вести