НИШТО НЕ ЗНАЕЛ: Трамп се огласи по аферата со порно актерката Сторми Даниелс
Во екот на скандалот што ја разбранува јавноста, се огласи претседателот на САД, Доналд Трамп.
Тој изјави дека не знаел ништо за тоа дека неговиот адвокат ѝ исплатил 130 илјади долари на порно актерката Сторми Даниелс за да молчи за аферата.
Ова е прв пат Доналд Трамп да даде коментар околу спорната исплата и самата афера. Како потсетување, Сторми и Трамп наводно пред десетина години имале сексуален однос во хотел и тоа во периодот кога Меланија Трамп штотуку се породила.
На прашањето дали знаел нешто за потегот на адвокатот Мајкл Коен, Доналд Трамп накратко одговори: „Не. Ќе мора да го прашате него".
Мајкл Авенати, адвокатот на порно актерката Сторми Даниелс која што тврди дека во 2006-та година имала сексуални односи со актуелниот американски претседател, кон крајот на март поднесе барање во федералниот суд во Калифорнија дека сака да го испита Трамп и неговит адвокат Коен. Авенати побарал да ги испраша двајцата „не повеќе од два часа".
Во барањето било наведено дека сака да утврди дали Трамп знаел дека на порно актерката ѝ биле исплатени 130 илјади долари за да молчи за односот со него. Коен тврди дека самиот ѝ дал на порно актерката 130 илјади долари и дека Трамп никогаш немал секусални односи со неа.
Меѓутоа, Сторми тврди дека имала сексуални односи со Трамп, како и намера сето тоа да се сокрие. Таа понудила да ги врати 130-те илјади долари за да може слободно во медиумите да говори за својот однос со американскиот претседател и да ги објави фотографиите, пораките или видео снимките „кои што можеби ги поседува".
