Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИШТО НЕ Е ЗАВРШЕНО: Мелбурн во седумдневен карантин, индискиот сој се шири

НИШТО НЕ Е ЗАВРШЕНО: Мелбурн во седумдневен карантин, индискиот сој се шири

Австралиската сојузна држава Викторија чиј главен град е Мелбурн оди во седумдневен карантин од денеска во 23.59 часот, откако државата регистрираше 12 нови случаи на Ковид-19. ЗДравствените власти се загрижени затоа што станува збор за ширење на индиската варијанта на коронавирусот.

Еден пациент сега е на интензивна нега и се идентификувани најмалку 10.000 примарни и секундарни контакти.

Според новите правила домот може да се напушти само за работа и купување намирници, но Викторијанците исто така можат да одат да се вакцинираат.  Личностите кои се на возраст од 40 до 49 години од петок имаат право на вакцина од Фајзер/Бионтек.

Изборните активности се прекинати, а училиштата ќе преминат на учење на далечина. Сепак грижата за деца во градинките ќе останат отворени. 

Рестораните, пабовите и кафулиња ќе нудат само храна за земање. 

Луѓето мора да носат маски за лице насекаде надвор од нивните домови.

Ова е четврти пат Викторија и Мелбурн да прогласуваат карантин од почетокот на пандемијата, при што најдолгиот траеше 112 дена.

Слично

Поврзани вести