НИШТО НЕ Е СЛУЧАЈНО: Брегзит па „дил“ со Кина
Владата на Велика Британија и Кина се договорија за зголемување на бројот на летови помеѓу двете земји од 80 на 200 неделно, изјавил портпаролот на британската премиерка Тереза Меј.
Претставници на двете влади, исто така договориле укинување на ограничувањето на бројот на карго летови помеѓу двете земји, пренесе Ројтерс.
„Силни врски со пазари во развој како Кина се од клучно значење за нас доколку сакаме да продолжиме да се натпреваруваме на глобалната економска сцена“, стои во соопштението на државниот секретар во британското министерство за сообраќај Крис Грејлинг.
„Зголемувањето на бројот на летови помеѓу двете земји ќе создаде големи можности за нашите претпријатија, помагајќи за зголемување на трговијата, отворање на нови работни места и подигање на раст на нашата економија“, се додава во соопштението.
