НИШТО НЕ Е ИСТО: Вистината за американскиот сон ...
Вработените млади во САД заработуваат помалку отколку припадниците на претходната генерација во истите години, иако работат повеќе, покажа студијата на Центарот за истражување „Пју рисерч“.
Просечната заработка на млади од 16 до 24 години, која во 1980 година изнесувала 28.131 долари годишно, паднала за 11 отсто во последните 35 години, а според податоците на американското министерство за труд, годишната заработка во 2015 не е надминувала 25 000 долари, наведуваат авторите на студијата.
Од друга страна, популацијата постара од 65 години заработува повеќе отколку во 1980 година, а просечната плата на оние кои уште не заминале во пензија пораснала за 37 отсто со 36.483 долари во 1980 на 50 000 во 2015 година.
Вработените постари повеќе од 55 и 64 години заработуваат само 10 отсто повеќе отколку нивните врсници во 1980 се наведува во студијата.
Просечната цена на работен час за вработени на сите старосни периоди, земајќи ја предвид и стапката на инфлација, пораснала од 19 долари во 1990 на 22 долари во 2015, односно за 16 отсто во последните 25 години.
Како што се наведува во студијата, Американците денес поминуваат повеќе часа работејќи отколку во 1980 , просечно неделно време во 2015 година изнесувало 38,7 часови, наспроти 38,1 час пред 35 години.
Бројот на работни недели на годишно ниво благо пораснал во истиот период од 43 на 46,8.
Според резултатите на студијата, социјалните давачки исто така опаднале, па во 2015 година здравствено биле осигурани околу 69 отсто пензионери, во однос на 77 отсто во 1980 година, додека доприносите за пензиско осигурување се плаќаат за само 45 отсто вработени, наспроти 50 отсто во 1980 и дури 57 отсто во 2001 година.
