Нисан со 34,6% помала продажба во последниот квартал лани
Профитот на јапонскиот производител на автомобили „Нисан“ во последниот квартал во 2012 година опадна за 34,6%, поради слабата глобална продажба која особено опаѓа во Кина.
Како што објави јапонскиот производител на автомобили, кварталната продажба на компанија на годишно ниво се намали за 5,3% на 2,2 билиони јени (23,5 милијарди долари).
Според јапонските медиуми, сите јапонски производители се соочени со пад на продажбата во Кина како последица на територијалниот спор кој лани изби меѓу двете земји и поттикна антијапонски протести.
Слично
