Нисан повлекува 19 илјади возила
Јапонскиот производител на автомобили Нисан повлекува повеќе од 19.000 возила поради проблеми со сопирачките, пренесува интернет-порталот „capital.ba„.
Ова повлекување се однесува на „Nissan Pathfinder“ и „Infiniti JX SUV“ модели за 2013-та година, објави АП.
Во соопштението на компанијата изјави дека дел од сопирачките е лошо направен, поради што може да дојде до нивно пукање.Повлечените модели се произведени во периодот од декември 2012 година до 29 јануари 2013 година.
Слично
