Нисан ќе произведе нов мал градски автомобил
Францускиот производител на автомобили Рено соопшти дека неговиот јапонски партнер Нисан ќе произведува нова генерација на мал градски автомобил микра во фабриката Рено во градчето Фланс кај Париз.
Новата микра ќе се произведува од 2016 година во фабрика на Рено во Фланс, од која годишно ќе излегуваат 82.000 такви автомобили, се наведува во заедничкото соопштение на компаниите.
Рено со своите работници во Франција минатиот месец постигна договор за платите и работното време, кој му овозможува да ја зголеми конкурентноста и да го покрене производството на Нисан во својата фабрика. Претседателот на Управниот одбор на компанијата БАСФ СЕ Курт Бок оцени дека почетокот на годината бил солиден.
Слично
