НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАДЕ СЕ: За празниците исчезнаа 150 туристи
Во Тајван за празниците исчезнале над 150 виетнамски туристи.
Локалните медиуми пишуваат дека е можно тие да дошле со цел да работат илегално.
Тајванските власти, заради подобрување на туристичките услуги, го укинаа наплаќањето на визите за посетителите од некои азиски земји, вклучувајќи го и Виетнам, пишува Би-би-си.
Тоа е, како што се верува, најголем број исчезнати туристи од почетокот на визната програма во 2015 година.
Националната имиграциска агенција информираа дека формирала работна група заради истрага.
Доколку бидат пронајдени, на туристите им се заканува депортирање и забрана за влез на островот од три до пет години.
Слично
