Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никогаш порано не сме го виделе Путин во оваа форма: Погледнете го како нурка во ледена вода

Никогаш порано не сме го виделе Путин во оваа форма: Погледнете го како нурка во ледена вода

Видео од рускиот претседател Владимир Путин како се капе во ладна вода по повод православниот празник Богојавление кружи на социјалните мрежи во последните денови.

Видеото е објавено на социјалните мрежи од Кирил Дмитриев, специјален пратеник на рускиот претседател, и го прикажува традиционалниот ритуал на капење што се изведува на овој празник во православната традиција.

Видеото, кое брзо привлече големо внимание од корисниците на социјалните мрежи, го прикажува Путин во костими за капење како нурка во водата три пати, прекрстувајќи се по секое нуркање. По ритуалот, претседателот излегува од водата и го напушта местото за капење.


Иако официјално не е потврдено дека снимката е направена оваа година, руската новинска агенција ТАСС објави дека Путин не го прескокнал традиционалното капење во ледена вода ниту оваа година, но тие не обезбедија видео од настанот.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, исто така, ја изврши церемонијата на Богојавление. За разлика од Путин, Лукашенко влезе во студената вода облечен во долг бел фустан, а не само во костими за капење.


Фото: Принтскрин/Икс

Слично

Поврзани вести