Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ОТКАЖАМ, КАТЕГОРИЧЕН Е ЈУН: ЕУ повика на смирување на кризата во Јужна Кореја

НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ОТКАЖАМ, КАТЕГОРИЧЕН Е ЈУН: ЕУ повика на смирување на кризата во Јужна Кореја

Сега веќе поранешниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол, во изјава по денешната одлука на парламентот за импичмент рече дека „привремено го прекинува своето патување“.

Откако парламентот гласаше со 204 „против“ и 85 „за“ за негово сменување на функцијата вршител на должноста претседател, автоматски дојде премиерот Хан Дук Со.

„Иако засега застанувам, патот кон иднината по кој чекорам изминативе две и пол години никогаш не смее да престане. Никогаш нема да се откажам. Ќе ги земам при срце вашите критики, пофалби и поддршка и ќе на го правам моето најдобро за земјата до крај“, рече Јун во изјавата.

Првата иницијатива за импичмент против Јун Сук Јол, за прогласување воена состојба на 3 декември, беше отфрлена минатата сабота поради немање кворум, при што речиси сите пратеници од владејачката Партија на народна моќ (ППП) го бојкотираа гласањето.

За усвојување на предлогот е потребно двотретинско мнозинство, за што би била потребна поддршка од најмалку осум пратеници од ЈПП.

Како што беше најавено, денеска во Јужна Кореја ќе се одржат собири ширум земјата со барање за импичмент на претседателот Џун Сук-Јол, поради неговиот неуспешен обид да воведе воена состојба минатата недела.

ЕУ повика на смирување на кризата во Јужна Кореја

Европската унија денеска повика на брзо решение на кризата во Јужна Кореја, откако пратениците во Сеул гласаа за импичмент на претседателот.

„ЕУ ги следи случувањата околу импичментот на претседателот Јун Сук Јеол. Сега е важно да се обезбеди брзо решение на политичката криза, во согласност со уставот на Јужна Кореја“, рече портпаролката на ЕУ, Анита Хипер.

фото: EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Слично

Поврзани вести