Никнува ѕид против мигранти во француско Кале
Властите во градот Кале во Франција за започнаа изградбата на првиот ѕид кој ќе служи како препрека за влезот на илегалните мигранти од пристаништето по што тие се упатуваат кон Велика Британија, пренесува МИА.
Ѕидот ќе се наоќа на неколку стотици метри од дивиот мигрантски камп „Ланд“, познат како „Џунгла“, каде според официјалните податоци на властите престојуваат околу 6.900 мигранти, а неофицијално се говори за бројка од 10.000 лица.

Ѕидот ќе биде долг 50 метри и висок четири метри, а околу него ќе бидат засадени растенија. Ѕидот ќе претставува продолжување на оградата од бодликава жица, поставена во текот на летото 2015 година, за да се заштити пристаништето и патот што води до него.
Изградбата на ѕидот почна само неколку дена пред најавената посета на француксиот претседател Франсоа Оланд на Кале за в понеделник.
- Симболично и психички, овој ѕид длабоко погодува. Но, ова е многу погрешен начин на користење на британските пари, изјави Франсоа Гуенок, претставник на една од организациите за заштита на правата на мигрантите.
Против изградбата се изјасни и градоначалничката на Кале, репубиканката Наташа Букар, според која „овој ѕид не треба да постои“. Во неговото финансирање учествува и Велика Британија која сака да го намали протокот на мигранти по копнен пат на нејзина територија.
