Никаков терористички акт нема да го спречи „маршот на слободата“
Американскиот државен секретар, Џон Кери, порача денес дека никаков терористички акт нема да го спречи „маршот на слободата“ и изрази солидарност со францускиот народ по исламистичките напади.
„Заедно сме со францускиот народ на маршот во чест на жртвите од убиствените терористички напади во седиштето на „Шарли Ебдо“ во Париз како и на заложничката криза во земјата“, рекол Кери за време на посетата на Индија, пренесе „АФП“.
„Заедно сме не само поради бесот и лутината туку и поради солидарноста и посветеноста да се бориме против екстремизмот и од причината поради кои екстремистите толку многу стравуваат, а која секогаш ги обединуваат нашите земји. Слобода“, истакнал Кери.
Слично
