НИКАКО БЕЗ МАСКА ВО АВИОН: Стјуардесите ќе ги опоменуваат патниците
Во САД при влез во авион задолжително ќе мора да се носи маска.
Дури и по влегувањето во авионот, стјуардесите имаат овластување да ги предупредат патниците да ги вратат маските на лицето доколку ги тргнат за време на летот.
Патниците на американските авиокомпании кои одбиваат да носат заштитни маски, би можеле да бидат спречени да се качат во авионот, објави групата „Ерлајнс фор Америка“.
Меѓу авиокомпаниите кои ја реализираат оваа нова политика се Алјаска ерлајнс, Американ ерлајнс, Делта ер лајнс, Хавајан ерлајнс, ЏетБлу Ервејс, Саутвест Ерлајнс и Јунајтед ерлајнс, стои во соопштението на „Ерлајнс фор Америка“.
Во САД и Јужна Азија забрзано расте бројот на заболени.
Слично
