Нигериските измами повторно „цветаат“ благодарение на војната на Блискиот Исток
Измамниците го искористуваат конфликтот меѓу Израел, САД и Иран нудејќи огромни исплати во замена за помош на наводно заробени ветерани или за фантастични „инвестициски можности“ поврзани со војната. На пример, војник на американските воздухопловни сили стациониран во Иран наводно открил 25,8 милиони долари, додека инвеститор од Техеран бара начин да префрли „огромен капитал“ во странство поради воздушните напади врз градот. Ова се некои од примерите кои ги откри истражувачот на антиспам лабораторија, Виорел Завоју од безбедносната компанија Bitdefender. Во суштина, повеќето од овие измами работат на истиот принцип како и старите измами „Нигериски принц“.
„Една верзија тврди дека доаѓа од добитник на лотарија Powerball кој нуди 2,5 милиони долари на „случајно избрани лица“, претставувајќи го тоа како поддршка за жртвите од војната. Друга користи сценарио со болнички кревет, каде што испраќач кој наводно умира нуди 1,7 милиони евра пред операција“, велат од тимот.
Во други варијанти, испраќачот се претставува како службено лице или посредник кој бара помош за преместување пари поради нестабилност во Иран. Во една измама се споменува „владин претставник“ кој префрла 1,9 милијарди долари. Друга користи слика на адвокат кој тврди дека ги застапува роднините на иранска политичка фигура за која се вели дека е убиена во американско-израелските напади, пренесува Форбс Србија.
foto printskrin youtube
