Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИГЕР НА РАБОТ НА ВОЈНА, ПАПАТА СЕ МОЛЕШЕ ЗА МИР: Преговорите пропаднаа, Тчиани одбива да го ослободи Базум

НИГЕР НА РАБОТ НА ВОЈНА, ПАПАТА СЕ МОЛЕШЕ ЗА МИР: Преговорите пропаднаа, Тчиани одбива да го ослободи Базум

Делегацијата на ЕКОВАС има намера да го напушти Нигер по неуспехот на преговорите со припадниците на војската која изврши државен удар во таа земја.

Според извештаите, Националниот совет за спас на татковината, формиран од бунтовниците, предводен од командантот на гардата Абдурахман Тчиани, одбил да го ослободи сменетиот претседател Мохамед Базум и да го врати на функцијата.

По неуспехот на преговорите за решавање на ситуацијата во Нигер, делегацијата на ЕКОВАС има намера да ја напушти републиката, истакнува Ал Арабија.

Во меѓувреме, папата Франциско најави дека се моли за успех на напорите на меѓународната заедница да ја доведе ситуацијата во Нигер до мирно решение.

„Со загриженост го следам она што се случува во Нигер. Се приклучувам на повикот на бискупите во таа земја за мир и стабилност во регионот Сахел. Со молитва ги следам напорите на меѓународната заедница да се најде мирно решение за доброто на сите што е можно поскоро. Да се ​​молиме за саканиот народ на Нигер“, рече Папата, обраќајќи им се на верниците утринава од прозорецот на Апостолската палата во Ватикан.

ФОТО: EPA-EFE/ISSIFOU DJIBO

Слично

Поврзани вести