Ние не сме на продажба - му одговори Тајван на Маск
Тајван му одговори на милијардерот Илон Маск по неговите коментари за Кина и рекоа дека нивната земја не е на продажба.
Вака му одговори министерот за надворешни на Тајван, Џозеф Ву на најбогатиот човек на светот Илон Маск, кој тврдеше дека Тајван е составен дел на Кина, повторно навлегувајќи во трнливото прашање односите меѓу Пекинг и Тајпеј. Неговите коментари дојдоа откако десетици кинески воени бродови и авиони беа откриени во близина на Тајван за сомнителни воени вежби, пишува Гардијан.
„Нивната политика (на Пекинг) беше повторно обединување на Тајван со Кина. Од нивна гледна точка, можеби тоа е аналогно на Хаваи или нешто слично, како интегрален дел од Кина кој произволно не е дел од Кина, најмногу затоа што американската Пацифичка флота насилно запрела секаков вид напори за повторно обединување“, изјави Маск.
Ова не е првпат Маск, кој има фабрика на Тесла во Шангај, да го налути Тајван. Минатиот октомври, тој кажа дека тензиите меѓу Кина и Тајван би можеле да се решат со предавање на одредена контрола врз Тајван на Пекинг, привлекувајќи слична силна опомена од Тајван. Тој исто така даваше изјави со кои ги налути Украинците за војната со Русија која почна на 24 февруари.
Москва го пофали Маск, а рускиот претседател Владимир Путин кажа дека тој е исклучителна личност.
foto EPA-EFE/ALEXANDER BECHER
