Нибел: Коњското месо да го јадат сиромашните
Да не се фрлааат производите со коњско месо туку да им се даваат на сиромашните, ова го изјави министерот за стопанска соработка и развој на Германија Дирк Нибел, поради што налути голем дел од сонародниците. Според него овој предлог го дал базирајки се на фактот дека во светот од глад умираат над 800 милиони луѓе.
- И во Германија има сиромашни кои немаат пари за храна, така што повлечените производи може да се искористат и да не се фрла квалитетната храна - рекол министерот Нибел.
Храната која е повлечена поради погрешна декларација, не значи дека не е квалитетна, додава во своето оправдување пред граѓаните министерот.
Од друга страна пак пратеникот Хартвиг Фишер за насловната страница на најпопуларниот весник „Билд“ се сликаше како се подготвува да изеде чинија полна лазањи подготвени со коњско месо.
Слично
