Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИ ТАМУ НЕ Е РАЈ: Дојденците од Источна Европа земаат помали плати во Германија

НИ ТАМУ НЕ Е РАЈ: Дојденците од Источна Европа земаат помали плати во Германија
Мигрантите во Германија се во неповолна положба, покажуваат податоците на Сојузната агенција за труд, според кои секој втор доселеник од Источна Европа иако работи, живее на работ на сиромаштија, објавува Дојче веле. Во декември 2012 година, секој втор вработен во Германија од источноевропските земји со полно работно време добивал плата на границата на сиромаштија или дури под неа (поточно 53%). Кај Германците тој процент изнесува околу 20%. Според проценките, доселениците од овие земји земаат и до 40% пониски плати од „родените“ Германци. Германската левица бара да се реши прашањето особено на добро образованиот кадар од овие земји, кој сепак не може да добие адекватно платена работа. „Има и хирурзи кои возат такси наместо да работат во операциони сали. А тоа е предизвикано од проблемот со нострификацијата на дипломите во германската административна џунгла. Постои закон за признавање на дипломите на сојузно ниво, но освен ова секоја сојузна покраина си има свој закон и таму веќе никој не се снаоѓа“, вели Сабине Цимерман, претставничка на левицата.  
Слично

Поврзани вести