Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИ РЕЧЕ ДА ГО СПАСИМЕ ШТО ПОБРЗО, БИДЕЈЌИ ИМА КЛАУСТРОФОБИЈА - чудото од човек спасен после 149 часа под урнатините

НИ РЕЧЕ ДА ГО СПАСИМЕ ШТО ПОБРЗО, БИДЕЈЌИ ИМА КЛАУСТРОФОБИЈА - чудото од човек спасен после 149 часа под урнатините

Шест дена по разорниот земјотрес, романските спасувачи го спасија 35-годишниот Мустафа во Хатај, кој помина 149 часа под урнатините.

Речиси и нема надеж за преживеани, а во погодените подрачја пристигнува механизација за отстранување на урнатините.

„Во добра состојба е, рече да го спасиме што побрзо, бидејќи има клаустрофобија“, изјави еден од романските спасувачи кои учествуваа во речиси чудесното спасување на 35-годишникот. Ќе има само неколку такви приказни со среќен крај, бидејќи шансите за преживување се намалуваат од час во час.

Бројот на загинати во Турција и Сирија се искачи на повеќе од 28.000 и се очекува двојно да се зголеми.

Повеќе од 24.600 жртви се потврдени во Турција, 3.500 во Сирија. Само во Турција, според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, повредени се повеќе од 85.000 луѓе, а повеќе од 1,5 милиони луѓе се сместени во шатори, хотели и други засолништа за итни случаи во Турција.

Во Сирија, според последните проценки, 5,3 милиони луѓе останале без покрив над главата.

Kurir.rs/RTV SLO

Фото: ЕПА

Слично

Поврзани вести