Ни Британија не е она што беше, милионерите почнаа да ја напуштаат!
Секој петти британски милионер има намера да емигрира од Велика Британија поради лошото време, криминалот и скапиот живот, покажала анкетата нарачана од банката„Lloyds TSB“.
Во анкетата учествувале 1400 британски граѓани кои имаат слободен капитал од 1 милион фунти (1.6 милиони долари). Од нив, 22 отсто велат дека во моментов размислуваат дали да заминат да живеат во странство во текот на следните две години. Пред само една година 19 проценти од милионерите сакаале да емигрираат, а пред една и пол година - 17 проценти.
Речиси две третини од испитаниците, како најголема причина за евентуално напуштање на Британија го наведуваат лошото време, на второ место е високата стапка на криминал, додека 45 проценти од милионерите наведуваат дека им пречи превисоката цена на животот во оваа држава.
Високите даноци во Велика Британија не им се допаѓаат на 41 проценти од испитаниците, иако за 4 проценти се помали од март оваа година, кога министерот за финансии Џон Озборн најави укинување на 50-процентно стапка на данок на заработката од над 150 000 фунти годишно. Владата се откажа и од понатамошното зголемување на даноците за најскапите недвижности.
Слично
