НЕЗГОДНО ПРАШАЊЕ ЗА ПРЕСТОЛОНАСЛЕДНИКОТ НА САУДИСКА АРАБИЈА, новинарот остана без одговор
На крајот од средбата меѓу претседателот Бајден и престолонаследникот Мохамед бин Салман од Саудиска Арабија, новинарот на NBC News, Питер Александар, извикал „Џамал Кашоги, дали ќе му се извиниш на неговото семејство?“
Сепак, Принцот Мохамед и Бајден го игнорираа прашањето.
Твитот го објавува „Њујорк тајмс“.
At the end of a meeting between President Biden and Crown Prince Mohammed bin Salman of Saudi Arabia, an NBC News reporter, Peter Alexander, shouted “Jamal Khashoggi, will you apologize to his family?” Prince Mohammed and Biden ignored the question. https://t.co/aJWzG21P9T pic.twitter.com/PDyfPSwN1n
— The New York Times (@nytimes) July 15, 2022
Американскиот претседател беше во посета на Саудиска Арабија, а за денес е најавено дека Џо Бајден ќе ја претстави својата стратегија за Блискиот Исток.
Како што пренесуваат странските агенции, тој ќе го стори тоа кога ќе ја заврши последната етапа од четиридневното патување во регионот, со цел да ја зајакне позицијата на САД и да ги усогласи нејзините земји против Иран.
Во саудискиот пристанишен град Џеда на Црвеното Море, Бајден ќе се сретне со шефовите на држави на шест арапски земји од Залив, како и со лидерите на Египет, Јордан и Ирак на регионален самит.
Кога ќе разговара со Советот за соработка во Заливот и неговите арапски сојузници, американскиот претседател ќе ја понуди својата најреална визија досега за регионот и модели за негова соработка со САД, соопшти Белата куќа.
– Тоа е стратегија што е соодветна за 2022 година, за разлика од двете децении големи копнени војни што САД ги водеа во овој регион во 2000-тите - рече советникот за национална безбедност на Бајден, Џејк Саливан.
Цените на енергијата, кои пораснаа по руската инвазија на Украина, се очекува да бидат високо на агендата на денешниот самит, но не се очекува Бајден да замине со договор регионалните производители веднаш да ги зголемат испораките на нафта.
На самитот ќе се разговара и за стабилноста и безбедноста на регионот, како и за загриженоста на земјите од Заливот за безбедноста на храната, климатските промени и постојаната закана од тероризам.
Американскиот претседател Џо Бајден ја започна својата посета на Саудиска Арабија синоќа со средба со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и кралот Салман во обид да ги обнови односите со моќната блискоисточна сила и најголемиот светски производител на нафта.
Тој претходно го посети Израел, првата дестинација на неговата блискоисточна турнеја, нудејќи им гаранции на израелските лидери со кои се сретна дека е решен да ја запре иранската нуклеарна програма, па дури и да употреби сила „како последно средство“.
Фото: Принскрин/Твитер
